Цената на електричната енергија останува непроменета во наредните три месеци и покрај најавата за нејзино поскапување.
Одлуката денеска на прес конференција ја соопшти претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Димитар Петров.

И покрај тоа што Петров пред десетина дена најави дека е реално да се очекува цената на електричната енергија од први јануари да поскапи за 6,36 отсто, на денешната главна седница на комисијата било одлучено одлуката за поскапување на струјата да се пролонгира за во првиот квартал од наредната година.

Како пресуден фактор за ваквата одлука на регулаторите, бил податокот што наскоро ќе се воведе нов Закон за енергетика, кој предвидува многу промени, вклучително и во методологијата за пресметка на електричната енергија.

Комисијата веќе во февруари повторно ќе ја разгледува опцијата за промена на цената на електричната енергија, кога ќе ги има и завршните пресметки на трошоците на енергетските компании за 2010 година.

OhridNews