Во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, а регистрирани се 29 нови случаи на КОВИД-19:  Скопје – 9,  Кичево – 5,  Куманово и Тетово – по 4,  Прилеп и Охрид – по 2,  Штип и Струмица – по 1.

Во изминатото деноноќие нема починати лица од коронавирус.

Регистрирани се 34 оздравени пациенти од: Скопје – 18,  Прилеп – 4, Куманово и Тетово – по 3,  Битола – 2, Кичево, Гевгелија, Свети Николе и Делчево – по 1.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.568, бројката на оздравени пациенти е 149.676, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 420.

OhridNews