Во Институтот за јавно здравје досега се стигнати 1.072 пријави за заболени од грип, од оваа бројка само во декември биле регистрирани 900 случаи, информираат надлежните институции, коивчера одржаа работна средба на која е разгледана актуелната состојба со грипот во државата.

 Грипот досега земал две жртви. Пациентите на Клиниката за инфективни болести се воделе со дијагноза инфлуенца.

„ Во микробиолошката анализа кај еден од нив е регистрирано и присуство на инфлуенца тип Б. Материјалите се уште се предмет на дополнителна верификација на лабораториските резултати.Според инфектолозите, вирусот на инфлуенцата тип Б бил надоврзан на другите заболувања со мултисистемски засегања, како што се тешка бронхопневмонија, сепса и други заболувања“, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.

 Во Македонија се уште нема изолиран грип од типот А Х1 Н1 или таканаречен свински грип, а кај 19 од пријавените пациенти е изолиран вирус инфлуенца тип Б.

Експертите апелираат граѓаните да ги почитуваат општите превентивни мерки за заштита од грип. Да избегнуваат контакт со заболено лице, редовно да ги проветруваат просториите, како и да се одржува лична хигиена.

OhridNews
извор: „Мкафакс“