И оваа година нема да се заокружат  истражувачките работи на Самоиловата тврдина, бидејќи средствата кои се одвоени за таа намена се премали. Поради малите средства одобрени со Националната програма, нема да се вршат ниту санациони работи на северниот бедем од тврдината над Кошишта, поради што постои опасност тој се урне.

Министерството за култура оваа година поради сервисирање на стари долгови уште подрастично ги намали финансиски сресдства  за институциите, така што оваа година за Самоиловата тврдина се одвоени само 500.000 денари, што е многу малку за еден таков објект, вели археологот Паско Кузман. “Тоа е штета, бидејќи од просторот на Самоиловата тврдина е останата уште една четвртина за истражување и ако тоа се завршеше што побргу, тогаш ќе имавме еден археолошки комплекс кој ќе биде многу посетуван од туристите“, рече Кузман кој изрази надеж дека ќе се најде решение и за овој проблем.


и годинава ќе остане недоистражена-Самоиловата тврдина

Министерсвото за култура оваа година не е во можност да издвои средства за санација на северниот бедем над Кошишта, вели Кузман.  “Тој бедем е во опасност и доколку се  урне може да им наштети на индивидуалните куќи во населбата Кошишта“, предупредува Кузман.

Тој информираше најавените капитални проекти, обновувањето на  Свети Климентовиот Универзитет на Плаошник и реконструкцијата на наколната населба од бронзеното време кај Градиште, ќе започнат да се реализираат оваа година, бидејќи за нив веќе се предвидени средства од буџетот на државата.

Г. Момироски