Ду Хебинг, фармер од Кина, доби идеја како да го контролира стадото овци без овчарско куче. Набавил постер од волк кој го држи во рацете, а овците беспрекорно го слушаат. Куче  умрело пред неколку години, а овчарот немал пари да купи ново.


На оваа идеја дошол при посета на зоолошка градина. Таму видел слика од волк и му паднало на памет дека тоа може да го примени врз своето стадо.

„Луѓето ми се смеат, но важно е дека овците ме слушаат и методот делува“ – рекол фармерот.