Министерството за здравство информира дека Комисијата за заразни болести на денешниот состанок на кој се разгледуваше можноста за олеснување на досегашните мерки за превенција и заштита од ширење на коронавирусот, било одлучено на Владата да и се препорача сите досега донесени мерки да останат на сила.

Трендот на нови случаи со КОВИД-19 во следните два дена ќе биде разгледуван на состанокот на Комисијата за заразни болести во понеделник, по што ќе бидат дадени нови препораки до Владата за понатамошно постапување во однос на мерките. – информира Министерството за здравство.

Министерство за здравство: Нема олабабавување на мерките за заштита од Ковид – 19

Денеска во земјата беа регистрирани 36 нови случаи на коронавирус, од извршени 411 тестови, по што здравствените власти најавија дека од блиску ќе ја следат состојбата во Тетово и Велес, каде е забележан пораст на заболени од Ковид – 19.

Министерството за здравство апелира до граѓаните доследно да се придржуваат до мерките, да ја почитуваат забраната за групи поголеми од две лица, да се држи дистанца од најмалку 2 метра и задолжително да се носи заштитна опрема за лице во случај кога просторот помеѓу граѓаните е помал од пропишаното.

OhridNews