Ни еден охридски спортист не се најде на листата во изборот за најдобар спортист или спортистка за 2013 година во Македонија. Сојузот на спортски федерации на Македонија во соработка со Агенцијата за спорт и млади ги номинираа спортистите од кои ќе се изберат најдобрите за 2013 година во нашата држава.


Номинарите спортисти по категории :

1. Спортист на годината: Кирил Лазаров (ракомет), Димитар Ѓорѓиев (кик бокс) и Дејан Недев (традиционално карате).

2. Спортистка на годината: Билјана Црвенковски (ракомет), Илина Арсова (планинарење), Робертина Мечевска (ракомет).

3. Млад спортист на годината: Берат Јакупи (карате), Филип Талевски (ракомет) и Љупче Коцев (кик бокс).

4. Млада спортистка на годината: Сара Ристовска (ракомет), Маријана Димовска (карате), Лина Ѓорческа (тенис).

5. Најуспешен машки национален тим: Ракометен национален тим, Кугларски национален тим и Карате кумите национален тим.

6. Најуспешен женски национален тим: Ракометен национален тим, Сениорки карате Ката тим и Фудбалски национален тим.

7. Најуспешен спортист – лице со инвалидитет: Андреј Стојановски (пливање).

8. Најуспешен тренер/селектор: Драган Атанасовски (кик бокс), Ивица Обрван (ракомет), Марјан Соколовски (пливање).

9. Најуспешно организирана национална спортска федерација: Ракометна федерација на Македонија, Кик Бокс федерација на Македонија и Карате федерација на Македонија.

Мх.П.