Македонската боксерска репрезентација во состав Вели Мумин, Димитар Ташков, Жута Фатлум и Примислав Димовски имаше прием кај директорот на Агенцијата за млади и спорт Драган Ѓурчевски.

Нашите претставници од 28 август до 13 септември ќе учествуваат на Светското првенство во Италија, а од 10 август заминуваат во тренинг кампот во Милано.

И покрај солидните резултати во овогодинешното првенство во репрезентативниот тим немаше место за охридските боксери Илче Јоноски и Бојан Ристески кои како второ пласирани го завршија првиот дел од шампионатот.

ohridnews