Натпреварот помеѓу Арарат и Црвена Ѕвезда во плејофот за пласман во фазата по групи во Лигата на Европа ќе се одигра според планот во четврток во Ереван. Опција за одложување или промена на домаќинот, постоеше поради прогласувањето на воена ситуацијата во Ерменија.

Српскиот првак официјално до УЕФА побара промена на домаќинот и натпреварот да се одигра на неутрален терен или пак во Белград. УЕФА ја разгледуваше таа опција, но пресече откако доби гарант од клубот Арарат и земјата дека напреварот ќе помине во најдобар ред.

Бараж дуелот Арарат – Црвена Ѕвезда се игра на 1 октомври (четврток) со почеток во 16 часот. Се игра еден натпревар, а победникот обезбедува пласман во групната фаза во Лигата на Европа.

OhridNews