Парламентарното мнозинство не ги прифати предлог-измените на Законот за домување, поднесен од пратениците на Нова демократија со кои се бараше пролонгирање на примената на Законот за една година.

Според опозициските пратеници, самиот факт што помалку од 1.000 од вкупно 11.000 колективни објекти успеале да го почитуваат законскиот рок од една година за да изберат претседател и да ги регистрираат заедниците на сопственици, зборува дека граѓаните се соочуваат со големи административни и бирократски препреки и дека овој закон е лош. Од ЛДП обвинуваат дека Законот за домување има за цел полнење на буџетот, затоа што ако не се одложи за една година граѓаните ќе бидат казнувани.


Според СДСМ, самото признание на министерот за транспорт и врски дека нема да се казнува еден извесен период е признание дека нешто не е во ред со Законот за домување.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, со одговор дека предлог-законот за изменување на Законот за домување не нуди ништо ново, освен пролонгирање на рокот од една година.

Ohridnews