Во последните 24 часа, регистрирани се 18 случаи на заразени со коронавирусот од направени 2.411 тестирања, едно лице починато, а 31 оздравен пациент, информираат од Министерството за здравство, повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно здравје.

Од 18 нови случаи, во Скопје се 8, Куманово – 5, Кочани – 2, Тетово, Крива Паланка и Кратово – по 1.

Од регистрираните 31 оздравен пациент, од Скопје се 11, Виница – 3, Куманово, Кочани, Прилеп, Тетово, Битола, Кавадарци и Кичево – по 2, Струмица, Крива Паланка и Радовиш – по 1.

Во моментов во Охрид има 16 активни случаи со Ковид 19.

OhridNews