Владата и натаму ќе продолжи да ја спроведува политиката за забрана на нови вработувања и нема да им ги зголеми платите на вработени во администрацијата, изјавил Министерот за финасии и вицепремиер на Владата на Република Македонија, Зоран Ставрески за МК-Фондови.
Тој објаснил дака излегувањето на макдонската економијата од рецесија е добар сигнал дека државата ја пребродува Светската економска криза, но тоа не значи дека има простор за опуштање, што значи дека Владата ќе продолжи да штеди.