Во последните 24 часа направени се 1.726 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на КОВИД-19. Во Скопје – 82, Кавадарци – 8, Куманово – 6, Прилеп, Битола, Неготино и Крива Паланка – по двајца, Тетово, Велес, Струмица, Кичево, Свети Николе, Ресен, Делчево и Македонска Каменица – по еден.
Како што соопшти Министерството за здравство информира, регистрирани сe 419 оздравени пациенти, од кои: Скопје – 175, Куманово – 46, Струмица – 27, Кавадарци – 23, Штип – 20, Тетово – 18, Битола – 12, Дебар – 10, Валандово – 9, Свети Николе – 8, Гостивар и Пробиштип – по 7, Велес и Кочани – по 6, Прилеп, Крива Паланка, Кичево, Ресен, Гевгелија и Берово – по 4, Неготино, Радовиш, Кратово, Крушево и Пехчево – по 3, Македонска Каменица и Македонски Брод – по 2, Охрид и Виница – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица. Седум починати лица се од Скопје (78г, 78г, 76г, 76г, 72г, 67г и 66г) и по едно починато лице од Куманово (66г), Струмица (72г), Штип (62г), Дебар (37г) и Велес (84г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, пријавено е уште едно лице, со датум на смрт 25.09.2021 година. Починатото лице е од Крива Паланка, на возраст од 77 години, починат во домашни услови.
Во Охрид до сега се регистрирани 5907 ковид случаи, а во моментов активни се 515.
OhridNews