Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 3.074 тестирања, а регистрирани се четири нови случаи со Ковид-19 од Скопје, Прилеп, Тетово и Кочани.
Пријавено е едно починато лице од Скопје (80г). Лицето е починато во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.
Регистрирани се 68 оздравени пациенти од: Скопје – 32, Куманово и Кичево – по 6, Тетово, Охрид и Струмица – по 4, Струга и Делчево – по 3, Кочани и Неготино – по 2, Прилеп и Македонска Каменица – по 1.
Во моментов во Охрид има 20 активни случаи со Ковид 19.
OhridNews