Божик е семеен празник, па така во Охрид е мал бројот на гости кои празникот го поминуваат во некој од хотелите.
Инаку оваа година продавачите на пазарот за разлика од порано не побразаа да ги зголемат цените на производите. Но и тие како и другите дуќанџии посебно во месарниците истакнуваат дека оваа година прометот е многу слаб.
Денеска е Св. Стефан-трет ден Божик. По тој повод утрово во манастирот Св. Стефан се одржа божествена литургија, а свечена литургија се одржа и во црквата Свети Врачи Кузма и Дамјан во Варош.