41-то издание на ракометниот турнир „Струга 2013“ ќе помине без учество на домаќинот, кој стандардно секоја година се натпреварувал без оглед на квалитетот на ракометарите. На турнирот ќе учествуваат македонските екипи Металург и Вардар, француските Версај и Ирви, белорускиот тим Брест Мешков и романската Констацна предводена од екс-селекторот Ѕвонко Шундовски.


Од ракометниот клуб Струга, кој сезонава избори пласман во Супер лигата не се вчудоневидени од оваа одлука на организацискиот одбор да ја „изостави“ екипата од натпреварувачкиот дел.

– Ние така одлучивме бидејќи клубовите кои доаѓаат тука сакаат да имаат квалитетни противници од рангот на Металург и Вардар. Екипата на Струга не е заборавена него таа ќе игра ревијални натпревари и секако дека ќе биде дел од ракометниот спектакл –
рече за Ohrid News, Сашо Србиноски претседател на организациоскиот одбор.

Најава за бојкот на ракометниот турнир најавија навивачите „Паткари“ кои се неизбежен декор на секој натпревар кој го игра Струга без разлика дома или гости.

Минатата сезона на јубилејното 40-то издание на ракометниот турнир триумфираше Металург откако во финалето го совлада Динамо Минск со 26-23.

Мх.П.