Борко Ристовски на клупата против Австрија.
– На првиот дуел во „Борис Трајковски”, голманот Борко Ристовски, кој добро го почна натпреварот и имаше одлични одбрани, по 10-12 минути игра, откако размени неколку “реченици” со Ацо Јоноски, неочекувано, без најава си седна на клупата за резервни играчи и повеќе не сакаше да се врати на голот. Одлука за оваа негова постапка секако дека ќе има – дали тој ќе остане во Скопје и неговото место ќе го заземе Митревски или ќе оди во Виена, ќе видиме – истакна селекторот за „Вечер“.
Во првиот натпревар одигран во “Борис Трајковски“ македонската репрезентација со пет голови разлика ја совлада селекцијата на Австрија.