Фудбалерот на Јувентус, Фабио Гросо нема да ги брани боите на “Азурите“ на престојното 19-то Светско првенство кое се игра во Јужна Африка.


Италијанскиот селектор Марчело Липи го отпиша и средниот фудбалер на бјанко-нерите Антонио Кандрева од поширокиот состав за мундијалот. Левиот бек на Старата Дама, беше еден од десетте фудбалери кои заедно со селектор Липи се закитија со злато на мундијалот во Германија.


Фабио Гросо имаше клучна улога во неколкуте одлучувачки натпревари за Италија на Светското првенство во Германија. Во 1/2 финалето против домаќинот погоди во продолжението за предност од 1-0, подоцна Дел Пиеро го потврди финалето со уште еден погодок. Фабио Гросо го погоди петтиот пенал вреден злато, четврто за “азурите“ на мундијалите.


Поширокиот состав на Италија:

Голмани: Буфон, Маркети, Де Сантис, Сиригу

Одбрана: Бокети, Бонучи, Канаваро, Касани, Киелини, Кришчито, Маџо, Замброта

Среден ред: Каморанези, Косу, Де Роси, Гатузо, Маркисио, Монтоливо, Паломбо, Пепе, Пирло

Напад: Бориело, Ди Натале, Џилардино, Јакинта, Пацини, Роси, Кваљарела

Мх.П.