Ниту еден македонски клуб не е меѓу најдобрите 200-та во светот согласно ефектот на меѓународната сцена на листата на Интернационалната федерација за фудбалска статистика и историја за периодот од 1 јануари 1991 година до 31 декември 2009 година.
Во изминативе 20 години Вардар и Работнички се единствените наши клубови кои имаат најзабележителен ефект низ настапите во европските купови, меѓутоа и тој е крајно недоволен за место меѓу 208-те рангирани клубови.
Од клубовите кои доаѓаат од поранешна СФРЈ место на листата единствено има за Црвена Звезда, која е на 71. место со 105 бодови, сплитски Хајдук со пет бода е на делба на 192. место и белградски Партизан, кој со два бода е на 206. место.
Убедливо најдобар тим во светот во изминатите 20 години е шпанска Барселона, пред Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус, Милан, Интер, Баерн Минхен и Арсенал.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com