Безбедносната состојба на подрачјето на седум општини што ги покрива СВР Охрид е стабилна.
- Изминатово деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 31.03.2020 година до 07.00 часот на 01.04.2020 година, нема регистрирани лица што не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус КОВИД-19, нема собирања на граѓани, нарушувања на јавниот ред и мир и сообраќајни незгоди, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација. Во Струга, евидентирано е едно ново лице со решение за изолација и извршени се 90 контроли на евидентираните лица со решение за изолација од кои 49 во Охрид, а 7 во Струга. Истовремено, евидентирани се две нови лица во самоизолација од кои едно во Дебар и едно во Струга. Спроведени се 326 контроли врз лицата во самоизолација (Охрид-52, Струга-109, Кичево-10 и Дебар-155). Полициските службеници извршија 40 контроли на угостителски објекти.
OhridNews