Јавните претпријатија и услужните компании мака мачат да ги наплатат сметките за заеднички трошоци во колективните станбени згради. Тие уредно ги информираат станарите за нивните обврски, но нема кој да ги подмири, затоа што во најголем дел од зградите нема Куќен совет, како што на ЕВН „писмено“ и одговориле жителите од една охридска зграда.


Поради нефункционирањето на Куќните совети во дел од зградите е исклучена струјата во заедничките простории, а со оглед на тоа какви се нашите навики, дел од зградите уште долго ќе бидат без светло во ходниците.

OhridNews
фото: Васко Бујароски