Португалецот во дресот на “црвените ѓаволи“ Нани ќе отсуства три недели од терените поради повреда. Крилниот фудбалер на Јунајтед заработи повреда на дуелот со Ливерпул по стартот на Карагер.


24-годишниот фудбалер на Јунајтед се очекува да пропушти три натпревари со Арсенал во ФА Купот, реванш натпреварот во Лигата на Шампиони со Олимпик Марсеј и премиерлигашкиот дуел со Болтон. Враќањето на Нани кој сезонава во Премиер Лигата постигна девет погодоци и забележа 16 асистенции е предвидено на натпреварот со Вест Хем.

На листата на повредени фудбалери се наоѓаат: Рио Фердинанд, Парк, Харгрејвс, Валенсија а сега му се приклучи португалецот Нани.
Мх.П.