– Ова го правиме во интерес на клубот – коментираат тие. Сепак стручњаците на ја затвараат вратат велејќи дека ако во најскоро време раководството ги среди работите со фудбалерите ќе се вратат да работат во клубот.
Во забелешките на стручниот штаб се истакнуват незадоволството поради неисплатените плати, премии, рати од договорите, како и распуштање на тимот од минатата сезона без да бидат ангажирани соодветни замени. Ситуацијата кулминирала со поделбата на фудбалерите при последната исплата, која опфатила само седуммина од нив.