Данската фудбалска репрезентација за сега успешно ги пробива сите бариери на Европското првенство. Данците преку Чешка која со 2-1 (2-0) ја совлада на Олимпискиот стадион во Баку обезбедија пласман помеѓу најдобрите четири селекции на ЕП.
Новата успешна приказна во бајката на ЕП ја најави Делејни кој во 5-та минута погоди за водство на Данска. Пред крајот на приот дел Долберг зголеми на 2-0. Чесите на стартот од второто полувреме намалија на 2-1, со голот на Шик, но до крајот не успеаја да постигнат уште еден, со што ќе осигураа егал и продолженија.
Данска во полуфиналето ќе ги одмери силите со победникот од последниот четвртфинален дуел во кој ќе се сретнат Англија – Украина.
OhridNews