Медијаторот во спорот, Метју Нимиц, на прес конференција изјави дека разговорите со преговарачите Адамантиос Василакис и Зоран Јолески минале во достоинствена и конструктивна атмосфера, но за конкретен предлог за решавање на спорот за името не станало збор. Нимиц рекол дека двете страни се вкопани цврсто на своите позиции, но и дека ова е вистински момент процесот да мрдне од мртва точка и да се приближи кон евентуално решение.
Македонскиот преговарач, Зоран Јолески, истакнал дека Македонија е подготвена за разговори и сака да се дојде до решение, но тоа во никој случај не смее да ги загрози националниот идентитет..
Посредникот на ОН, Нимиц на 6 и 7 јули ќе престојува во Скопје, по што ќе отпатува за Атина. Тој ќе ќе се сретне со државните раководства со кои ќе разговара за разликите во ставовите околу името.