Францускиот фудбалер Тиери Анри за играњето со рака против Ирска ќе се извлече без било каква казна.

Дисциплинската комисија на ФИФА, тврди истиот извор, прв пат ќе заседава во јануари идната година, па тоа ќе биде можност да се затвори случајот околу легендарното играње со рака момент пред асистенцијата со која Вилијам Галас го постигна решавачкиот гол во баражот против Ирска за пласман на Светското првенство во 2010-та година, без било какви последици.

Причината за тоа лежи едноставно во фактот, пишуваат Французите, што во правилниците на ФИФА нема одредба според која би можело да се казни Французинот па макар и на симболичен начин. Правилата на ФИФА во слични ситуации го третираат единствено дефанзивното играње со рака, т.е. играњето со рака поради одбрана на сопствениот гол, кое подлегнува под дисциплински санкции.

Случајот на Анри не може да сврсти под тие одредби, па поради тоа ФИФА ќе се одкаже од процесирањето на Анри само за да не оди контра својте правила, односно контра сама себе.

ohridnews