ФИА по спроведената детална истрага одлучи дека пилотот на Мекларен и водечкиот во Генаралниот пласман, Лиус Хамилтон, не е виновен за инцидентот помеѓу Себастијан Вател и Марк Вебер на трката за големата награда на Јапонија.

ФИА одлуката ја донесе по сослушувањето на тројцата возачи што беше направено во Шангај, каде утре се вози трката за големата награда на Кина.

Тоа значи дека Хамилтон утрешната трка ќе ја дочека без казна. Доколку беше прогласен за виновен ќе мораше да стартува десет места поназад од позицицијата која ќе ја обезбеди во квалификациите.

На две трки до крајот нашампионатот Хамилтон има 12 бода предност пред неговиот клупски колега и актуелен шампион, Фернандо Алонсо, и е на чекор да стане првиот возач кој ја овоил титулата во дебитантската сезона.

Г.М.