Властите на префектурата Мијаги, на североистокот на Јапонија, сеуште немаат никакви информации за десет илјади жители на приморскиот град Минамисанрику, ден по разорниот земјотрес, јавува на својата интернет страница телевизијата НХК.


Минамисанрику е град со околу 17.000 жители, а властите ја потврдија евакуацијата на 7.500 жители во вкупно 25 засолништа. Локалните власти со помош на армијата ја продолжуваат потрагата по овие жители, јавува НХК.

Последните податоци говорат дека во разорниот земјотрес кој со магнитутда од 8,9 степени ја погоди Јапонија, загинале 1.700 луѓе, а исто толку се сметаат за исчезнати.



По најсилниот потрес кој го погоди островот Хоншу, во последните 24 часа тлото во Јапонија непрекинато се тресе, на секои десет минути се случува потрес со јачина помеѓу пет и шест степени според Рихтеровата скала.

“извор Макфакс“
Ohridnews