Актуелниот првак во македонската кошаркарска супер лига, МЗТ Скопје на гостувањето во Куманово кај истоимената екипа покажа и докажа зошто е шампион.

“Штрковите“ во репризата од последното финалето во Купот на Македонија го совладаа Куманово со 92-78 и ја забележаа втората победа во Супер лигата.

На останатите натпревари Работнички славеше против Кожув 66-59 додека Фени Индустри ја совлада екипата на Лирија со 89-80.

Мх.П.