„Не можеме да претпоставиме точно колку време ќе им треба на ревизорските тимови меѓутоа ќе гледаме да завршат во најбрзо време,“ изјави  Зоран Радиќ претседателот на Националната комисија за учебници, пренесува „Макфакс“.

Тој информираше дека времетраењето на ревизијата зависи од тоа стручните тимови какви грешки ќе најдат во учебниците, односно ако има помали грешки тогаш ќе може да се направи само дополнување на соодветниот учебник.

„Ние во досегашната работа сме ги читале сите извештаи кои стигнувале до националната комисија. Досега немаме сретнато ваков проблем како што испадна со „Општество“,“ информира Радиќ.

OhridNews
извор: „Макфакс“