Заклучно со 20 март кога и официјално завршува риболовот за вештачки мрест, во Хидробиолошкиот институт во Охрид собрани се 750.000 зрна икра што е за четири пати помалку од лани.

Дека рибниот фонд на пастрмка алармантно е намален говори и фактот што годинава се уловени само  464 пастрмки -матици, додека лани беа уловени 2.400 матични риби.
Хидробиолошкиот институт риболовот за вештачки мрест го прекинал уште пред еден месец  бидејќи не постоела биолошка и економска оправданост за продолжување на ловот.

Неколкупатои помали количини на икра се собрани и во мрестилиштето Шум и во Албанија.
За да се обезбеди биолошкиот минимум на подмладок на охридска пастрмка потребни се 3,5 милиони зрна икра. Оваа година на двете страни од езерото собрани се едвај нешто над 1 милион зрна икра.

Г.М.