Лидерите на политичките партии не ги усогласија ставовите околу датумот за одржување на вонредните парламентарни партии. Ова е епилогот од средбата на претставниците на политичките партии кај претседателот Стево Пендаровски, што се одржа денеска.
Повторно најголеми биле разликите помеѓу најголемите партии во македонскиот политички блок. СДСМ инсистира на избори кон крајот на јуни, додека ВМРО ДПМНЕ на крајот од август или во септември.
Се очекува до крајот на неделата да се одржи нова лидерска средба во обид да се договори датум за избори.
OhridNews