Во обвинителството за организиран криминал денеска, на распит беше донесен Зоран Верушевски, првоосомничениот во случајот „Пуч“. Распитот на Верушевски прд јавниот обвинител траел шетири часа, но детали од истрагата не се соопштуваат. Поради чувствутелноста на информациите, без коментар останаа и бранителите на Верушевски.

Поранешниот шеф на полициската тајна служба УБК е осомничен за шпионажа и помагање при насилство спрема претставници на највисоките државни органи. Четвртоосомничен во акцијата Пуч е лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Верушевски во притвор е втор месец откако претходно притвор му беше одреден за нелегално поседување оружје.

Во меѓувреме се огласи Јавното обвинителство, кое побара да престанат притисоците врз оваа институција.

„По последните случувања, континуираните објави на снимки, разговори, изјави од страна на повеќето политички партии, како и по нагласеното препукување кое преку медиумите се прави, а е во врска со кривично правни настани за кое надлежните јавни обвинителства веќе постапуваат, деновиве јавното обвинителство нагласено се повикува да даде конечен одговор. Исто така, се повикува на лична и колективна одговорност.

Сметајќи дека со ваквите напади, се нарушува независното работење на јавните обвинители како одговорни за гонење на сторителите на кривичните дела, ја информираме јавноста дека ниту Јавното обвинителство како институција, ниту било кој јавен обвинител нема да дозволат да бидат вклучени во интригите, ниту преку нив да се пресметуваат меѓусебно лицата инволвирани во случувањата, без разлика на причините и мотивите заради кои тоа се прави.

Повторуваме дека надлежните обвинителства и тоа Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Основното јавно обвинителство – Скопје, веќе имаат отворено предмети по кои интензивно се постапува. Дел од овие предмети се отворени по кривична пријава поднесена од МВР, дел се отворени по пристигнати кривични пријави од други подносители, а пак дел од предметите се отворени од страна на јавното обвинителство по допрен глас. Истражната постапка бара преземање на дејствија, внимание и посветеност. Прибирањето на доказите, податоците, релевантните факти е строго законски определен процес, кој за да успешно се финализира изискува неопходно време.“ – се вели во соопштението.

По однос на објавените снимки и други материјали за кои се коментира дека наводно потекнуваат од примена на посебни истражни мерки, ЈО информира дека надлежните обвинителства издале наредби до надлежни органи за преземање мерки и дејствија со цел да се извршат проверки и се соберат известувања дали се работи за делови од истражни мерки или се други материјали, за тоа кој, кога и на кој начин ги објавил материјалите. 

OhridNews