Шведскиот интернационалец Златан Ибрахимовиќ е суспедиран на три натпревари и ќе го пропушти градско дерби против својот поранешен клуб Интер.


Напаѓачот на Милан доби директен црвен картон на средбата со Бари (1-1)  откако го удри противничкиот играч Марко Роси.

Од клубот на Ибрахимовиќ најавија жалба на суспензијата, а доколку не се ублажи казната покрај мечот со Палермо и Интер, Ибра нема да игра и против Фиорентина.

Ohridnews