Откако започна туристичкиот шпиц речиси и да нема ден во Охрид, а да не се случи некоја сообраќајна несреќа. Последната од многуте ја регистриравме на крстосницата кај мини маркетот. Такси возило удри во патнички автомобил на свртување. Во несреќата нема повредени, а е предизвикана матерјална штета. Сообраќајната полиција веднаш направи увид на местото на несреќата поради која сообраќајот на најпрометната градска крстосница се одвиваше отежнато.
Со зголемување на бројот на автомобили во туристичкиот шпиц зачестија и сообраќајните несреќи во Охрид. СВР Охрид вчера соопшти дека само во текот на изминатиот викенд на територијата на општината се случиле 14 сообраќајки во кои за среќа нема загинати.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com