Во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 35 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-14, Струга-05, Кичево-11, Дебар- 5).

На прекршителите им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19.

Полициски службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 94 контроли во угостителски и други објекти (Охрид-37, Струга-21, Кичево-36). Во овој период нема регистрирано прекршувања на забраната за движење од 22 до 05 часот со цел  спречување на ширењето на вирусот Ковид 19.

OhridNews