И ова лето во пораст е деструктивното однесување на поединци кои продолжуваат да ги уништуваат јавните добра во градот. Деновиве актуелни се повеќе случаи со уништување на паркови, зеленило, а не се поштедени ниту цвеќата од јавните површини, кои исто така се уништуваат.
Се корне и уништува цвеќе од јавните површини
–Речиси и да нема ден да не евидентираме некаков инцидент, дали е тоа уништено зеленило, цвеќе, паркови, но и клупи за седење и други јавни добра. – вели директорот на ЈП „Охридски Комуналец“ Љупчо Грданоски.
Екипи на „Комуналец“ санираат оштетено дрво
На мета на несовесни поединци се и дрворедите. На манифестацијата „Бела ноќ“ вандали откорнале дрво од дрворедот на рекреативната патека кај каналот Студенчишта, кое деновиве екипи на паркови и зеленило при ЈО „Охридски Комуналец“ го санираа.
Исечено дрво од дрворед
Исто така деновиве исечен е голем дел од дрворедот на улицата „Мите Богоески“. Кој и зошто ги исекол дрвата, се чека на одговор од надлежните служби.
OhridNews