Новинарите и медиумските работници денеска во 12 часот две минути да ја прекинат работата во знак на протест против условите за работа на новинарите без разлика дали се на терен или во редакција, побара Здружението на новинарите на Македонија-ЗНМ. Со тоа ЗНМ, се приклучува кон повикот на Европската федерација на новинари за еднодневна акција во промоцијата на новинарските права на 5 ноември 2007 година.
„Да станеме за новинарството“ е протест против драматичната криза во новинарството кое пати од прекумерната комерцијализација, политички притисоци, опаднати стандарди и сиромашни услови за работа ширум Европа…
Во Македонија состојбата е уште поцрна. Кај нас новинарството е ОПАСНА професија, тука новинарите дури и се претепувани, се вели во соопштението од ЗНМ.
ohridnews