Комисијата за финансирање и буџет, на седницата одржана вчера, едногласно ги прифати амандманите на предлог-законот за отпишување на камати за наплата на долгови кои произлегуваат од услуги од вршители на комунални дејности, телефонија, мобилни и кабелски оператори, одржување на заеднички простории, наводнување и одводнување на земјоделско земјиште.

Со усвоениот амандман опфатот за отпишување на камати за наплата на долгови и за радиодифузната такса. Право на отпис на камата остварува секое физичко лице-должник кој ќе изврши уплата на главниот долг и трошоците, судски, нотарски и трошоци на извршување на постапка во рок од 12 месеци од донесување на одлуката.

Висината на наградата и надоместокот на извршните и процесните трошоци за работата на извршителите и адвокати, по предмети кои произлегуваат од услугите , не може да надмине 20% од нивните предјавени и утврдени трошоци. Законот ќе стапи во сила осмиот ден од денот на објавување во „Службен весник“ на Република Македонија, соопшти Собранието.

OhridNews