Во Основниот суд во Струга денеска нема да се одржат двете закажани рочишта против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за незаконско поставување директори во основни училишта поради немање уредна достава до сведоците.
Од судот за МИА информираат дека имале проблеми со достава до сведоците.
Двајцата сведоци кои требаше денеска да бидат сослушани, по двата предмети, не се во можност да присуствуваат на рочиштето, изјави адвокатот на Мерко, Игор Петкоски.
Во својство на сведоци денеска требаше да се појават поранешниот министер за образование Јетон Шаќири и раководителот на секторот за финансии при Општина Струга, Абедин Нуроски.
OhridNews