Во Охрид денеска започна стручна расправа по Нацрт Просторниот план за Охридско-препанскиот регион 2005-2020 година.

Донесувањето на Просторниот план за Охридско-препанскиот регион ќе значи утврдување на стратегија за развој на овој регион, кој изобилува со културно и природно богатство како добра подлога за развој на одредени дејности, што од друга страна доведува  до многу  конфликтни ситуации во однос на спроведувањето на режимот за заштитата на животната средина и природата, рече Дејан Паноски –  Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање кое e предлагач на просторниот план.


Дејан Паноски и Александар Петрески

Со овој Нaцрт Просторен  план, ќе треба да се уредат елементите кои подоцна ќе се вградат во Генералните и Деталните урбанистички планови за да може да се валоризира просторот од туристички, но и од сите други аспекти, додаде Паноски.  „Целта е  овој план да промовира квалитетна заштита на региониот кој повеќе не смееме да го напаѓаме како што сме го правеле тоа досега од урбанистички аспект“, рече Паноски.

Тој  напомена дека НП „Галичица“ како заштитетно подрачје ќе го задржи  опфатот кој го имаше и досега и појасни дека нема да се дозволи никакво градење надвор од предвидениот план. Паноски додаде дека е започната  процедура  за враќање на околу 10.000 метри квадратни земјиште во Свети Наум на НП Галичица кое времено  беше отстапено на фирмата „Маркони“ како и земјиштето во НП Пелистер кое било отстапено на „Лозар Пелистерка“.


голем интерес за јавната расправа по Нацрт просторниот план

Паноски појасни дека општините неможат во текот на јавната расправа да излегуваат со барања кои се надвор од ГУП, и информираше дека согласно тој план  Министерството за животна средина дало согласност за изградба на хотелски комплекс на просторот кај бараките на „Гранит„ и „Трудбеник“, но  и за ништо повеќе.

Нацрт просторниот план треба да виде завршршен до крајот на оваа година, а се очекува Собранието да го игласа наредната година. Изготвувањето на Нацрт росторниот план за Охридско-преспанскиот регион го финансира владата со 25 милиони денари.

Г. Момироски