Министерството за образование и наука го одложи проектот за екстерно оценување на учениците. Одлуката е последица на недонесување на измените на законите за основно и за средно образование, кои минатата недела не беа поддржани од пратениците на ДУИ. 

Екстерното тестирање предвидува проверка на знаењето на учениците за да се оцени колку наставниците објективно го вреднуваат. Првиот обид да се воведе во основните и во средните училишта не помина  на Уставен суд, во мај годинава. Уставните судии изрекоа привремена мерка за стопирање на екстерното тестирање, а проектот беше одложен за  крајот на оваа учебна година.

Ohridnews