– Намалувањето на казните е во ред но мора да се покачат казните за нерегистрирани бизниси, за нерегистрирани работници и да се направи еден баланс во казнената политика помеѓу тие што работат чесно и законски и тие што воопшто не се регистрирани што не постојат во економијата, ијави Миле Бошков од Конфередерацијата на роботодавачите.
Според него нелојалната конкуренција негативно влијае и на туризмот, но и на целата економија воопшто.
– Имаме луѓе кои произведуваат мебел и буквално на количка го пренесуваат со своите автомобили со што директно влијаат на дрвната индустрија. Имате хотел опремен со пријавени работници, со понуда и плаќање на даноци и туристички водичи или работници кои ги нема во евиденција дури ни лична карта немаат, а камо ли службена легитимација, а прават бизнис, тоа е нелојална конкуренција и сива економија дефинитивно, додаде Бошков.
Тој посочи дека подобрувањето на условите за водење бизнис треба да биде приоритет на домашната економија, затоа што тоа е неопходно за успех на европскиот пазар чиј дел еден ден ќе биде и Македонија.