Еден кинески бизнисмен нелегално подигнал два ката на врвот на 18-катна зграда во градот Гуангжу и се обидел да ги сокрие со градина, пренесуваат медиумите. Не му било доволно тоа што го поседувал целиот 18. кат, па одлучил да додаде уште два, но за тоа не побарал дозвола. Тој бил откриен откако некои станари се пожалиле кај локалните медиуми, бидејќи се плашеле како големата градина би можела да ја оштети зградата.
Бизнсменот пентхаусот го купил пред неколку години, а неговите соседи се зачудиле кога тој почнал да прави градина со дрва и големи грмушки на врвот од зградата. Подоцна додал и мрежи за дополнително да го камуфлира она што се крие во градината. Во меѓувреме под тоа зеленило постепено градел два ката, а на сите им кажувал дека само го реновира станот. Иако станарите го пријавиле кај локалните власти, против него сеуште не е започната постапка.