„Нешто што ќе остане“ е нумерата со која македонските претставници „Некст тајм“ вечерва ќе настапат на првата полуфинална вечер на Евросонг во Москва.

„Некст тајм“ ќе настапат во конкуренција на 18 изведувачи и ќе се обидат да влезат во големото финале. За тоа ќе им треба пласман меѓу првите десет во полуфиналето.


Во предвечерјето на Евросонгот се одржа традиционалната Македонска вечер на која беше доделена награда петдневeн престој во Охрид. Неа ја добило момче од Малта кое дента славело роденден.

Ohridnews