Преку впечатливиот стил и уште повеќе маркантнтната и квалитетна интерпретација на нумерта „Nedostajesh mi vec“, рок дуото Некст Тајм го освои првото место и Гран При наградата на реномираниот интернационален фестивал, „Марко Поло“, кој годинава го имаше своето јубилејно 17-то издание, во Корчула, Хрватска.
Заедно со звуците на морето и одличните композиции изведени на двете вечери на програмата од фестивалот, браќата Мартин и Стефан, покрај главната награда освоија и второ место со хрватската верзија на песната „ Последно од нас“, со која се претставија на втората интернационална вечер на „Марко Поло“. Во силна конкуренција и квалитетни изведувачи,специфичниот и моќен вокал на Стефан, го воодушеви хрватското жири составено од музичари кои што имаат изострен вкус за квалитет и музикалност на учесниците.
Најпрво, ние сме горди што успеавме да се вратиме назад ватиме не со една туку со две награди од кои и Гран При, што сигурно би претставувало голема сатисфакција за било кој изведувач, што има можност да ја претставува нашата земја и надвор. Целта кон која постојано се стремиме, е нашата промоција подалеку од домашни рамки, ова лето во Хрватска на фестивалот „Марко Поло“ добивме уште поголема сатисфакција да работиме повеќе и да ја промовираме нашата музика и на македонската музичка сцена, но и што пошироко, изјавија од „Некст Тајм“.
Инаку меѓународниот Хрватски фестивал „Марко Поло“ или уште попознат како фестивал на песната и виното, има традиција од далечната 1996 година, освен внимателно направената селекција на композициите за издеба, организаторите организираат и промоција и дегустација на вина од многу земји. Секоја година во месец јули туристите во Корчула уживаат во убавите песни и вина. „Некст Тајм“ посетата на Хрватска ја искористија да уживаат и 10 дена во морето, сонцето и убавите плажи на хрватското приморје. Во меѓувреме тие продолжуваат да работат на нови композиции настапи низ целата земја.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com