Македонските претставници на изборот на песна на Евровизија, младите „Некст тајм“ не обезбедија пласман во големото финале.  Иако тие имаа одличен настап во Москва не се најдоа меѓу десетте композиции кои се пласираа во финалето.


И покрај добриот настап не се пласираа во финалето – „Некст тајм“

Најсилен впечаток на првата полуфинална вечер остави претставничката на Турција, Хадисе, со песната „Dum Tek Tek“, а заедно со неа во финалето се пласираа и БиХ, Исланд, Шведска, Ерменија, Португалија, Израел, Малта, Романија и Финска.


Турската претставничка Хадисе остави најсилен впечаток

Втората полуфинална вечер ќе се одржи на 14 мај, а финалето е два дена подоцна.

Ohridnews