Македонскиот ракометен вицепрвак Еурофарм Пелистер во 1/8 финалето ја заврши дебитанската сезона во регионалната СЕХА лига. Неприминлива пречка за битолчани беше хрватскиот состав Нексе кој обезбеди подобар вкупен резултат во двомечот и пресметка со бранителот на трофејот Вардар во 1/4 финалето.
Еурофарм Пелистер на домашен терен ја оствари целта и победи со 24-22 но не успеа да ги надополни трите голови негатива од првиот натпревар во осминафиналето. На „фармацевтите“ на им одеше во прилог победа со три голови бидејќи Нексе во Битола постигна повеќе погодоци отколку битолчани во првиот натпревар.
Вреди да се напомене дека во текот на натпреварот, избраниците на Жељко Бабиќ ја имаа потребната разлика за пласман понатаму водејќи 19-15, но гостите со смирена игра се вратија резултатски и на крајот го чекираа билетот за 1/4 финалето.
Еурофарм Работник после завршување на авантурата во СЕХА лигата ќе има задача да се екипира и да го нападне тронот во Супер лигата на кој се наоѓа разнишаниот Вардар.
OhridNews
Фото: Гол.мк