Некрополата кај Горна порта крие уште тајни  од периодот на златната маска, смета археологот Паско Кузман. Тој најави дека на есен ќе продолжат истражувачките активности на овој локалитет.

Локалитетот сега ќе биде покреин со земја до есен кога треба да продолжат градежните работи за поставување водоводна мрежа. Тогаш и ние повторно ќе стапиме на сцена и ќе продолжиме со истражувачки активности. Според тоа што досега е пронајдено, не е исклучено да најдеме слични вредни предмети од злато, па и некоја златна маска. Впрочем во Требебништа се пронајдени 4 златни маски, а на Синдос покрај Солун пет златни маски на едно место, рече Кузман. Може да излезе и некој бронзен кратер кој е позначаен и од златните маски, додаде Кузман.

Последното големо археолошко откритие кај Горна порта според Кузман датира од времето на енхелејците кои тука живееле два века пред десаретите.

Тие не се илирско племе, ниту грчко, туку едно од племињата кои учествувале во создавањето на стариот македонски етнос, еден етнички супстрат, како што велиме и сега дека нашиот идентитет е создаден од повеќе елементи не само од еден, објаснува Кузман.



пронајдени исклучително вредни артефакти кај Горна Порта

Веста за значајното археолошко откритие прв ја објави “Ohridnews“, чија екипа беше на местото на настанот кога од земјата се вадеа вредните артефакти. За жал дел од медиумите препознатливи по желбата за екслузивитет по секоја цена, пласираа неточни и непроверени информации, на што укажа и директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман.

Пронајдените артефакти кај Горна порта потекнуваат од времето на златните маски, но овде златна маска како што некој објавија нема. Не знам зошто на некому му текнало да објави таква работа, значи погрешни се таквите предвремени и избрзани шпекулации, рече Кузман.