Широко се отвара врата за македонската ракометна репрезентација за пласман на летните Олимписки игри во Рио де Жанеиро кои ќе се одржат летово.
Репрезентацијата на Тунис која е една од противниците на Македонија во квалификациите ќе настапи некомплетна откако ИХФ покрена дисциплинска постапка против дел од ракометарите кои учествуваа во инцидентот после финалето од Купот на Африкански Нации.
Туниските репрезентативци подтрибинскиот простор се обиделе физички да се пресметаат со судиите. Целиот овој случај бил внесен во записникот и предаден во ИХФ.
Тунижаните имале првична средба со дисциплинците од ИХФ и не очекуваат лесно да поминат. Во записникот после мечот бил пријавен селекторот и уште седум ракометари.
Овие не ракометни вести, сепак се одлични за македонската репрезентација која во квалификациите за Олимпијадата се наоѓаат уште со домаќинот Полска и Чиле.
OhridNews